Аеродром Минхен

Аеродром Минхен

Чистење на авиони (м/ф/д) на аеродромот во Минхен

Внатрешно и надворешно чистење на авионот

 

Вашите задачи:

  • Внатрешно чистење на авионот – патнички дел, кокпит, санитарни и кујнски простории
  • Промена на навлаките на седиштата и потпирачите за глава и опремување на кабината на авионот со предмети потребни за време на летот
  • Чистење на надворешноста на авионот
  • Завршување на работните активности во даден временски рок

Вашиот профил:

  • Пожелно е работно искуство, но и почетници се добредојдени
  • Добра физичка подготвеност
  • Подготвеност за работа во смени, недели и државни празници
  • Одговорна личност, способна за тимска работа и пред се флексибилна
  • Познавање на германски или англиски јазик
  • Возачка дозвола Б-категорија

Што ви нудиме:

  • Договор за трајно вработување со многу привилегии и можност за напредување
  • Плата од минимум 13.38 евра по час бруто
  • Додатоци за ноќна смена, недела и државен празник без даноци - а ноќен труд (25-30%), работа во недела (80%) и работа на празник (зависи дали е федерален државен празник или на покраина 150%-200%).
  • Бесплатни доквалификации и јазични курсеви
  • Флексибилни смени

Ние се грижиме за:

  • сместување во апартмани на нашата компанија, до кои може да се стигне со јавен превоз и автомобил во рок од 20 минути. Сместувањето го плаќате од плата, не сте обврзани да плаќате однапред за истото.
  • пријава во општина при пристигнување, регулирање на престој, спојување со вашето семејство, помош при пронаоѓање соодветно училиште за вашите деца
  • соодветно германско здравствено осигурување
  • отварање на банкарска сметка како и LST-ID

Работно време и смени:

Подготвеност за работа во смени – прва смена или утринска, втора смена или попладневна и двократно и ноќна смена.
За двократната смена има премија од 20 евра по смена плус на саатницата.

За повеќе информации за оваа работна позиција, побарајте нé нa:
Тел: + 389 78 274 420;  и испратете ни ваша биографија на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.