Јазични курсеви

Јазични курсеви

Контекст нуди јазични курсеви по германски јазик за студенти и сите кандидати кои планираат да работат во Германија. Сите оние кои сакаат да работат во Германија мора да имаат основни познавања на германски јазик. Целта на овие курсеви по германски јазик е да ве оспособиме за работа во Германија. Основната терминологија да ја совладате непречено за да можете да ги извршувате работните должности.  Да се пријавите без потешкотии во сите институции во градот каде ќе престојувате и уште многу други вештини кои ќе ви го олеснат престојот.

КОНТЕКСТ КУРСЕВИТЕ ПО ГЕРМАНСКИ ЈАЗИК И ОСТАНАТИТЕ

Разликата е што во Контекст покрај поставувањето на стабилна јазична основа ние ќе ве оспособиме и за вашиот престој во Германија, без разлика која е причината за престојот. Ќе научите од професионалци како да ги поминете сите институционални работи како добивање санитарна книшка, пријавување во општина, отворање на конто во банка. Што очекува еден Германец – работодавец од вас, како очекуваат да се однесувате на работа. Која терминологија се користи на вашето работно место и ќе ги научите сите поими за работа во ресторани со брза храна, хотели, кафулиња, фирми за чистење, фабрики итн.

Курсевите се одвиваат во просториите на Контекст Образование во Палата Кузман, 4кат, или онлајн, по договор со студентите и предавачите. Групите се направени според потребите на кандидатите и сите курсеви најчесто започнуваат после 17 часот, секој работен ден од понеделник-петок.

Оди во Германија поткован и подготвен за предизвиците кои следат. Аплицирај за курс по германски јазик во Контекст уште сега!

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.