Изјава за приватност

Оваа Изјава за приватност се однесува на доверливоста на личните податоци кои се собрани при процесот на аплицирање за студентска работа, сезонска работа и/или долгорочно вработување на клиентите/субјекти на лични податоци во С.Р. Германија на интернет страницата https://kontext.com.mk/index.php/en/ за добивање на услуга на посредување при вработување во странство.

Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје, со седиште на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28 лок. 4 Скопје, со ембс: 7119038, како давател на услугите на интернет страницата https://kontext.com.mk/index.php/en/ , се придржува до важечките прописи со цел заштита на приватноста на своите Клиенти односно Корисници, а особено на Законот за заштита на личните податоци.

Во оваа Изјава е опишано како контролорот на податоци Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје, со седиште на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28 лок. 4 Скопје, со ембс: 7119038 (во понатамошниот текст: Агенцијата) ги обработува личните податоци.

Клиентите кои се приматели на услугите (во понатамошниот текст: Клиенти) се упатуваат на интернет страницата https://kontext.com.mk/index.php/en/ да прочитаат се што е наведено во оваа политика со цел да бидат информирани кои податоци се собираат и обработуваат од страната на контролорот, за кои цели, врз основа на кои законски основи, со кого истите се споделуваат, кои заштитни мерки се спроведуваат, како и кои се Вашите права поврзани со пристапот до личните податоцим корекција, бришење и Вашето право на приговор.

Со прифаќање на оваа Изјава за приватност и со кликнување на формата за регистрација на корисникот на интернет страницата, односно за аплицирање за работа во Германија, Корисникот потврдува дека ги прочитал, разбрал и се согласил за обработка на личните податоци утврдени со оваа Изјава на приватност.

 

 1. Начела на заштита на личните податоци

Како контролор, Агенцијата обезбедува заштита и обработка на личните податоци во согласност со важечката правна рамка којашто ја следи на редовна основа и за таа цел обезбедува дека личните податоци на субјектите се обработуваат во согласност со начелата за заштита на лични податоци.

Во своето работење, ние едновремено ги почитуваме и применуваме сите начела поврзани со обработката на лични податоци, а со цел да обезбедиме дека Вашите лични податоци се обработуваат согласно прописите за заштита на личните податоци, односно дека тие се: 

  • обработувaат согласно закон, во доволна мера и на транспарентен начин во однос на Вас („законитост, правичност и транспарентност“);
  • собираат само за конкретни, јасни и легитимни цели и дека нема да се обработуваат на начин што не е во согласност со тие цели; („ограничување на целите“),
  • соодветни, релевантни и ограничени на она што е неопходно во однос на целите заради кои ги обработуваме („минимален обем на податоци“),
  • точни и ажурирани, при што секогаш преземаме мерки за навремено бришење или коригирање на податоците што можеби ќе бидат неточни или нецелосни, водејќи се секогаш притоа од целите заради кои ги обработуваме („точност“),
  • чувани во форма која ни овозможува идентификација на субјектите на личните податоци, но не подолго од она што е потребно за целите поради кои се обработуваат личните податоци, или подолго од законски утврдениот рок („ограничување на рокот на чување“),
  • обработени на начин кој обезбедува соодветно ниво на безбедност на личните податоци, вклучувајќи заштита од неовластена или незаконска обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување, со примена на соодветни технички или организациски мерки („интегритет и доверливост“).

Агенцијата како отчетен контролор на личните податоци, секогаш ќе ја демонстрира усогласеноста и применувањето на начелата поврзани со обработката на личните податоци. Горенаведените начела на обработка се применуваат кумулативно, сите заедно во текот на севкупниот циклус на обработка на личните податоци.

 

2. Идентитет и контакт податоци на контролорот

Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје, во рамките на својот делокруг на работење, при вршењето на дејноста, врши собирање, чување и обработка на лични податоци, поради што се јавува во улога на Контролор на лични податоци.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци и подзаконските акти.

За обработка на личните податоци Агенцијата има воспоставено систем за заштита на лични податоци, кој опфаќа соодветни технички и организациски мерки за обезбедување ниво на безбедност и кој е разработен преку повеќе интерни акти.

Секој клиент или корисник, кој има било какви прашања поврзани со заштитата на личните податоци, истите може да ги испрати преку пошта на следната адреса: ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28 лок. 4 Скопје, преку емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или телефон: 023 223 579, 078 274 420.

 

3. Офицерот за заштита на личните податоци;

Офицер за заштита на лични податоци во Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје е Добринка Демјански.

За дополнителни информации и/или остварување на права за заштита на лични податоци, субјектите на лични податоци може да го контактираат Офицерoт за заштита на лични податоци на следната емаил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и/или контакт телефон: 075 462 651.

 

4. Целите на обработката за коишто личните податоци се наменети

Агенцијата собира и врши обработка на лични податоци со цел успешно извршување на следните цели:

  1. Обезбедување на услуга на посредување при вработување за студентска работа во Германија
  2. Обезбедување на услуга на посредување при вработување за сезонска работа во Германија
  3. Обезбедување на услуга на посредување при вработување за долгорочно вработување во Германија 

Доколку субјектот на лични податоци е избран за било кое од погоренаведените опции, Агенцијата исто така собира и врши обработка на лични податоци и за следните цели:

  1. за потребите на склучување на договор за посредување за вработување со секој корисник/субјект на лични податоци
  2. за потребите на издавање на дозвола за престој на физичките лица/субјекти на лични податоци во Германија.

 

5. Правна основа за обработката

Агенцијата врши обработка на личните податоци во согласност со законските основи за вршење на истата, и тоа:

  • Обработка врз основа на согласност 

Агенцијата, по правило, врши обработка на личните податоци врз основа на претходно добиена согласност од субјектот на лични податоци за една или повеќе конкретни цели.

Оваа основа за обработка на лични податоци се користи кога потпишувате Изјава за согласност за обработка на Вашите лични податоци од страна на Друштвото.

  • Обработка потребна за исполнување на договор/ за преземање активности пред пристапување кон договор

Агенцијата може да врши обработка и без посебна согласност од субјектот на лични податоци, за извршување на договор во кој субјектот на лични податоци е договорна страна или кога на барање на субјектот на лични податоци е потребно да се преземат активности пред неговото пристапување кон договорот.

  • Обработка потребна за исполнување на законска обврска

Личните податоци во Агенцијата може да се обработуваат во согласност со закон, за конкретни, јасни и со закон утврдени цели, а заради исполнување на законски обврски на Друштвото.

Оваа основа се користи за обработка на лични податоци заради исполнување на законските обврски на Агенцијата што произлегуваат од закони што се применуваат во контекст на работните односи (особено Законот за работните односи, Закон за евиденциите од областа на трудот, Законот эа данокот на личен доход, Законот за придонеси за задолжително социјално осигурување, Закон за безбедност и здравје при работа, Законот за празници на Република Северна Македонија, Законот за вработување и работа на странци) и од други закони кои се применуваат на работењето (вклучително Законот за укажувачи итн.).

Оваа основа се користи особено во случај на закана по здравјето или животот на вработениот, соработникот или клиентот

 

6. Корисниците или категориите на корисници на личните податоци, доколку ги има

Вашите лични податоци не ги даваме на корисници и во иднина може да дадеме лични податоци на корисник само доколку е потребно во конкретен случај, а врз основа на писмено барање од корисникот и доколку тој корисник согласно со закон е овластен да ги обработува и само во време кое е неопходно за остварувањето на конкретната цел предвидена со закон, а за што сме должни да водиме Евиденција.

Лични податоци може да се откријат на надлежни органи во земјата кои се овластени да собираат такви податоци, на пример: Агенција за вработување, Управа за јавни приходи, Државен инспекторат за труд итн.) вклучувајќи и органи на прогон, извршители, судови итн.

 

7. Пренос на лични податоци во трета земја или меѓународна организација

Друштвото може да врши пренос на лични податоци, што е секогаш уредно пријавено во Агенцијата за заштита на лични податоци, согласно законските одредби.

Вашите лични податоци кои се собираат за целите на посредување при вработување во Германија се пренесуваат до соодветниот работодавач во Германија, кај кој ќе бидете испратени на студентска работа, сезонска работа и/или долгорочно вработување.

Доколку сте избрани како кандидат за студентска работа, сезонска работа и/или долгорочно вработување во Германија, скенирана копија од Вашиот пасош се пренесува кај соодветниот работодавач во Германија, за потребите на постапката за издавање на дозвола за престој за Вас како работник.

С.Р. Германија е земја-членка на Европската Унија, а согласно општото начело за пренос на лични податоци утврдено во член 48 од Законот за заштита на лични податоци, во овој случај Агенцијата е должна да ја извести Агенцијата за заштита на личните податоци за преносот на лични податоци.

 

8. Обработувачи

Агенцијата има ангажирано надворешен обработувач, и тоа:

  • за водење на книговодствено-сметководствени работи – Друштво за вршење сметководствени работи БАНИМЕКС ДОО Скопје и
  • за одржување и сервисирање на информатичката технологија – Друштво за производство, монтажа, сервисирање, трговија и услуги КЈУБ СИСТЕМИ ДООЕЛ Скопје.

Обработувачите се должни да ги обработуваат личните податоци, кои може да им бидат откриени, само согласно склучен Договор за обработка со Друштвото, односно согласно документирани упатства од контролорот и со примена на технички и организациски мерки за заштита и безбедност на личните податоци.

 

9. Временскиот период за кој ќе се чуваат личните податоци

Податоците кои ги собира Агенцијата се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката.

Податоците за клиентите и соработниците се чуваат не подолго од она што е потребно за целите поради кои биле собрани и обработени личните податоци односно целосно завршување на одредена работа или давање на одредена услуга. При што, Агенцијата укажува дека за одредени категории на лични податоци постојат определени рокови на чување предвидени со применливи закони.

При вршење на дејноста посредување при вработување за студентска работа, за сезонска работа и за долгорочно вработување во Германија, како и за потребите на издавање на дозвола за престој на физичките лица во Германија, личните податоци се чуваат 1 (една) година од периодот на оствареното посредување при вработување.

При потпишување на договор за посредување за вработување со агенцијата, Вашите лични податоци се чуваат во рок од 5 (пет) години од периодот на реализирање на договорот за посредување помеѓу контролорот и корисникот, а согласно потребата од реализирање на права и обврски од договорот за посредување.

 

10. Права на субјектите 

Агенцијата им гарантира на субјектите на лични податоци дека имаат:

  • Право на пристап до личните податоци – Секое лице има право да дознае дали и како се обработуваат неговите лични податоци и да добие пристап до нив. Дополнително, има право на информации за целите, категориите, корисниците, роковите на чување и за евентуален автоматизиран процес на одлучување.
  • Право на исправка – Субјектот има право во рок од 15 дена од денот на поднесување на барањето да побара и да добие исправка на неточни лични податоци, а може да побара и добие дополнување на нецелосните податоци.
  • Право на бришење на неговите/нејзините лични податоци („право да се биде заборавен“) – субјектот на лични податоци може да побара бришење на своите податоци ако тие повеќе не се потребни, се обработуваат незаконски или согласноста е повлечена. Контролорот мора да ги избрише податоците во рок од 30 дена, освен кога постои јавен интерес, законска обврска или други оправдани причини.
  • Право на ограничување на обработката - Субјектот може да бара ограничување на обработката кога ја оспорува точноста, кога обработката е незаконска, или кога податоците се потребни само за правни барања. Во тој период, податоците можат да се користат само за чување, со согласност или за правни и јавни интереси.
  • Право на приговор за обработката - Лицето може во секое време да поднесе приговор против обработката на неговите лични податоци поради негова конкретна ситуација. При директен маркетинг, контролорот мора веднаш да ја прекине обработката по приговор на субјектот.
  • Право на преносливост на податоците - Субјектот има право да ги добие своите податоци во структуриран и машински читлив формат и да ги пренесе кај друг контролор. Ова право не смее да влијае негативно врз правата и слободите на другите лица.
  • право да не биде предмет на одлука заснована единствено на автоматизирана обработка, под условите предвидени во Законот за заштита на личните податоци;
  • Обврска за известување - Контролорот мора да ги извести корисниците на кои податоците им биле откриени за секоја исправка, бришење или ограничување. Доколку субјектот побара, мора да биде информиран кои корисници се известени.

Субјектот на лични податоци има право да поднесе барање во врска своите права за лични податоци до Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје, на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28 лок. 4 Скопје или преку Емаил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Субјектот на лични податоци исто така има право да поднесе барање до офицерот за заштита на лични податоци Добринка Демјански, емаил адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. и контакт телефон: 075 462 651.

Субјектот на лични податоци исто така има право да поднесе барање во врска своите права за лични податоци до Агенцијата за заштита на личните податоци, со адреса на ул. бул. Гоце Делчев бр. 18 (кат 14) Скопје, контакт телефон: 023230635 и емаил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

11. Повлекување согласност

Агенцијата известува дека кога основата за обработка на лични податоци е дадена согласност од субјектот на лични податоци, истиот има право за повлекување на согласноста во секое време, без да се влијае на законитоста на обработката која била заснована на согласноста пред истата да биде повлечена.

Повлекување на согласноста може да направите на следната електронска адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. во секое време или со доставување на повлекување на согласноста на адресата на седиштето на нашата фирма, односно на ул. Митрополит Теодосиј Гологанов бр. 28 лок. 4 Скопје.

 

12. Информација за обврската за давање лични податоци

Агенцијата во зависност од воспоставениот однос со него, го известува субјектот дали давањето на личните податоци е законска или договорна обврска или услов кој е потребен за склучување на договор, како и дали субјектот на личните податоци има обврска да ги даде личните податоци и можните последици ако овие податоци не бидат дадени.

 

13. Автоматизиран процес на одлучување

Агенцијата не врши автоматизиран процес на одлучување, но во случај на постоење на автоматизиран процес на одлучување, вклучувајќи го и профилирањето како и во оние случаи кога е вклучена значајна информација за логички поврзаните процеси на обработка, има обврска да го извести субјејктот на личните податоци, како и за значењето и предвидените последици од таквата обработка за субјектот на личните податоци.

 

 14. Категориите на лични податоци 

Агенцијата ги собира и ги обработува следните категории на податоци

    • Податоци за физички лица кои користат услуги кои ги нуди агенцијата согласно дејноста на агенцијата и позитивните прописи од областа на посредување при вработување и тоа следниве категории на лични податоци:
      • Податоци за физички лица кои аплицираат за студентска работа во Германија:
        • име и презиме;
        • датум на раѓање;
        • живеалиште и адреса;
        • број на пасош,
        • државјанство;
        • телефонски број;
        • емаил;
        • податоци за степен, вид и должина на образование;
        • податоци за ниво на познавање на странски јазик;
        • работно искуство,
        • информација за редовен студент (потврда за редовен студент).

 

      • Податоци за физички лица кои аплицираат за сезонска работа во Германија:
        • име и презиме;
        • датум на раѓање;
        • живеалиште и адреса;
        • број на пасош,
        • државјанство;
        • телефонски број;
        • емаил;
        • податоци за степен, вид и должина на образование;
        • податоци за ниво на познавање на странски јазик;
        • работно искуство,
        • информација за неосудуваност (само при аплицирање за работа во Германија за која се бара кандидатот да не биде осудуван, специфични работи поврзани со безбедносни настани).

 

      • Податоци за физички лица кои аплицираат за долгорочно вработување во Германија:
        • име и презиме;
        • датум на раѓање;
        • живеалиште и адреса;
        • број на пасош,
        • државјанство;
        • телефонски број;
        • емаил;
        • податоци за степен, вид и должина на образование;
        • податоци за ниво на познавање на странски јазик;
        • работно искуство,
        • информација за неосудуваност (само при аплицирање за работа во Германија за која се бара кандидатот да не биде осудуван, специфични работи поврзани со безбедносни настани);

 

      • Податоци за физички лица кои се избрани за студентска работа, за сезонска работа и за долгорочно вработување во Германија, за потребите на издавање на дозвола за престој на физичките лица:
        • име и презиме;
        • скенирана копија од пасош на кандидатот која ги содржи следните податоци: име и презиме, датум на раѓање, живеалиште и адреса, државјанство, пол, број на пасош, датум на издавање, важност на пасош, ембг, своерачен потпис.

 

      • Податоци за физички лица кои се избрани за студентска работа, за сезонска работа и за долгорочно вработување во Германија, за потребите на склучување на договор за посредување за вработување со секој корисник/субјект на лични податоци:
        • Име и презиме;
        • Место на раѓање;
        • Место на живеење;
        • Број на лична карта;
        • Телефон;
        • емаил адреса.

 

Обработка на посебните категории на лични податоци може да се врши во Агенцијата само ако е во согласност со членот 13 од Законот за заштита на личните податоци.

 

15. Законитост на обработката на личните податоци

 

Податоци кои се обработуваат

Цели на обработка на личните податоци

Основ за обработка на личните податоци

Податоци за физички лица кои се избрани за студентска работа, за сезонска работа и за долгорочно вработување во Германија, за потребите на склучување на договор за посредување за вработување со секој корисник/субјект на лични податоци

Обезбедување на услуга на посредување при вработување за студентска работа во Германија

1.Исполнување на законска обврска на контролорот согласно член 37 став 4 од Законот за приватните агенции за вработување, а во смисла на член 10 став 1 точка 2 од Законот за заштита на лични податоци)

2. Исполнување на договор каде субјектот на лични податоци е договорна страна (согласно член 10 став 1 точка 2 од Законот за лични податоци)

 

 

Податоци кои се обработуваат

Цели на обработка на лични податоци

Основ за обработка на личните податоци

Основ за обработка на посебна категорија на лични податоци

Податоци за физички лица кои аплицираат за студентска работа во Германија

Обезбедување на услуга на посредување при вработување за студентска работа во Германија

Субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на личните податоци (согласно член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на лични податоци)

1.Субјектот на лични податоци дал изречна согласност за обработка на податоците за една или повеќе конкретни цели (согласно член 13 став 2 точка 1 од ЗЗЛП)

Податоци за физички лица кои аплицираат за сезонска работа во Германија

Обезбедување на услуга на посредување при вработување за студентска работа во Германија

Субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на личните податоци (согласно член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на лични податоци)

1.Субјектот на лични податоци дал изречна согласност за обработка на податоците за една или повеќе конкретни цели (согласно член 13 став 2 точка 1 од ЗЗЛП)

Податоци за физички лица кои аплицираат за долгорочно вработување во Германија

Обезбедување на услуга на посредување при вработување за студентска работа во Германија

Субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на личните податоци (согласно член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на лични податоци)

1.Субјектот на лични податоци дал изречна согласност за обработка на податоците за една или повеќе конкретни цели (согласно член 13 став 2 точка 1 од ЗЗЛП)

Податоци за физички лица кои се избрани за студентска работа, за сезонска работа и за долгорочно вработување во Германија, за потребите на издавање на дозвола за престој на физичките лица.

 

Обезбедување на услуга на посредување при вработување за студентска работа во Германија

Субјектот на лични податоци дал согласност за обработка на личните податоци (согласно член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на лични податоци)

1.Субјектот на лични податоци дал изречна согласност за обработка на податоците за една или повеќе конкретни цели (согласно член 13 став 2 точка 1 од ЗЗЛП)

 

16. Извор на личните податоци и доколку е применливо, дали податоците се од јавно достапни извори

 Агенцијата собира лични податоци директно од субјектот на лични податоци, а во спротивно има обврска на барање на субјектот да го извести за изворот на личните податоци.

 

17. Податоци за контакт со Агенцијата и Офицерот за заштита на лични податоци

Во случај на какви било прашања, поплаки и други прашања поврзани со приватноста на податоците, како и за остварување на правата на субјектот на личните податоци, субјектот на лични податоци може да контактира со Друштвото и неговиот офицер за заштита на лични податоци преку е-пошта, пошта или телефон, како наведено во точка 1 и 2 од оваа Изјава.

 

18. Измени на изјавата за приватност

Оваа Изјава за приватност на Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје, може да се измени во секое време со објавување на изменетиот текст на Изјавата за приватност на интернет страницата на друштвото. Од тие причини, Приватна агенција за вработување Контекст Вработување Скопје ги советува корисниците периодично да ја прегледуваат оваа Изјава за приватност, што ќе укаже на нови промени, доколку ги има. Доколку корисникот и купувачот не се согласуваат со оваа Изјава за приватност, ги советуваме да заминат и да не пристапуваат и ја користат интернет страницата https://kontext.com.mk/index.php/en/. Промената на Изјавата за приватност стапува на сила веднаш по објавувањето на интернет страницата https://kontext.com.mk/index.php/en/. Продолжување на користење на интернет страницата https://kontext.com.mk/index.php/en/ од страна на kорисникот, по стапувањето во сила на промената подразбира дека корисникот ги потврдува и прифаќа промените во Изјавата за приватност. 

Овластено лице – Директор

Александра Божиновска

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.