Студентска работа во Германија

Општи информации за програмата

Вработување за студенти во Германија е она што Контекст успешно го прави повеќе од 16 години. Програмата е во склоп на културна размена  т.е. им се дава шанса на млади луѓе преку студентска работа одблиску  се запознаат со јазикот, културата обичаите и да стекнат работни навики. За многу од студентите, ова е прво работно искуство и први заработени пари. Програмата е наменета за сите студенти на возраст од 18 до 35 години, кои имаат основно познавање на германски јазик или разговорно ниво на англиски јазик и се во можност да работат максимум 90 дена, за време на официјалниот летен распуст пропишан од факултетот на кој студираат. За да можат да започнат со работа во Германија, потребно е престојот и работното место да се регулирани и одобрени од Zentrale Auslands und Fachvermittlung (ZAV). Контекст ја подготвува и посредува комплетно потребната документација за студентска работа БЕСПЛАТНО! Не, студентите не треба да плаќаат за програмата кога ќе заврши студентската работа, ниту пак ќе им се одбива од платата додека се таму. Контекст е официјален регрутер на McDonald’s и останатите партнери и токму тоа е причината зошто посредувањето е бесплатно.


Работни позиции и локации

По пријавувањето за студентска работа во Германија и комплетирањето на сите потребни документи следува распоредување. Распоредувањето на позициите за работа во Германија зависи од познавањето на германски јазик, претходно работно искуство, како и одредени барања на самите работодавачи. Ве известуваме за работно место и локација и треба во најкус рок да одлучите дали  ја прифаќате работната понуда. Работната позиција и локација претходно ќе ви биде внимателно одбрана, соодветно на вашите барања и квалификации. Одбивањето на истата ќе значи дека одбивате понуда за работа, а втора понуда ќе добиете кога останатите студенти ќе бидат распоредени.

Најголем дел од работните позиции се во областа на системската гастрономија и чистење и дезинфекција на објекти. Студентите работат во ротационен систем и во 3 смени. Локациите ни се распространети низ цела Германија, вклучувајќи ги и најголемите градови кои се најатрактвни за нашите студенти: Берлин, Минхен, Хамбург, Франкфурт, Келн итн. Доколку одите првпат на оваа студентска програма, сепак наша препорака е да одберете помало место, со цел полесно адаптирање на новата средина и начин на живот.


Плата

Заклучно 01.10 минималната плата во Германија изнесува 12 евра/час бруто. Во зависност од работната позиција, платата варира од 12.20евра до 14 евра бруто по работен час, а минимум работат 39.5 часа неделно/169 часа месечно. Се разбира, што и да работат, на студентите им следува минимум 30 минутна пауза во денот која е неплатена. Студентите во Германија подлежат само на персонален данок, кој изнесува 12-14%, во зависност од тоа колку студентот изработил дополнителни часови, ноќни смени и слично.


Сместување

Постојат работодавачи кои нудат сместување и/или храна и трошоците ги одбиваат од плата. Најчесто ваквите сместувања се колективни каде неколку студенти делат соба, тоалет и кујна. Доколку работодавачот не обезбедува сместување, иако тоа не е обврска на Контекст, истовремено и студентот и Контекст паралелно бараат сместување.


Заклучок

Доколку си студент и немаш повеќе од 35 години, имаш основно познавање на германски јазик или разговорно ниво на англиски, немаш план каде да го поминеш следното лето, а сакаш да се дружиш со други студенти, да се запознаеш со луѓе од целиот свет, да истражуваш нови места и да ги посетиш европските метрополи, а притоа да заработиш солидна сума на пари, тогаш следниот чекор е да аплицираш за оваа програма и да почнеш со подготовка на документите веднаш!

- Апликациите се во тек и можете да аплицирате на: Апликација за студентска работа


Брошура за W&T Германија


Имате дополнителни прашања, а не можете да ги посетите нашите канцеларии? Закажете си онлајн инфо сесија на: Calendly

За Нас

Контекст е тим составен од дипломирани филолози кои имаат огромно искуство во спроведување на програмите за културна размена. Секој од тимот бил на некоја од програмите за културна размена. Наши карактеристики се исклучителна професионалност, висок стандард во комуникација, искрена и напорна работа со која Агенција Контекст стана препознатлива и почитувана агенција на целиот Балкан и пошироко.

Долгорочно вработување

Локација

Употреба на колачиња (Cookies)

Оваа веб-страна користи колачиња за автентикација, навигација и останати функции. Со користење на веб-страната се согласувате да ги добиете колачињата на вашиот уред.