Можеби ретко правам паметни одлуки, но одењето во Германија беше најпаметната одлука што некогаш ја имам направено. Летото 2019-та година четворица другари отидовме во Германија. Првите недели бевме буквално ,,изгубени Германци”, но за неколку недели веќе се навикнавме. На работа колегите одлично не’ прифатија и колку и да беше тешко секогаш наоѓавме начин преку смеа и шеги да го поминуваме времето. Се разбира, дружењето продолжуваше и по работа, па така цели три месеци уживавме во Германија. Најзначајната придобивка од оваа тримесечна авантура е тоа дека го подобрив германскиот јазик. Освен тоа, прошетавме во Германија и Данска и тоа се спомени кои се врежани во нас за целиот живот. Програмата ,,Work and travel” за мене беше вовед во ,,светот на возрасните” бидејќи целосно ме осамостои и затоа ја препорачувам на сите!
